ДУИ го подготвува поранешниот министер за економија и за одбрана и вицепремиер за европски прашања, Фатмир Бесими, кој моментално му е советник на премиерот Зоран Заев, за нов гувернер на Народната банка по истекот на мандатот Димититар Богов во март, дознава Фокус.

Според високи извори од албанската владејачка партија, ДУИ смета дека Бесими e одлично решение за пополнување на оваа функција, со оглед дека е стручен кадар, кој дел од својата кариера ја минал и во централната банка, каде своевремено беше вицегувернер.
Инаку, актуелниот гувернер Богов беше избран од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со 62 гласа „за“ во март 2011 година на предлог на Иванов, кога парламентот го бојкотираше тогашната опозиција предводена од СДСМ, но го бојкотираа и пратениците на ДУИ, иако тогаш беа во коалиција токму со ДПМНЕ./Fokus