ДУИ ќе предложи формирање на специјално одделение во Кривичниот суд

од desk3
137 прегледи

Иницијатавата за формирање на специјално судско одделение за предметите кои ги работи Катица Јанева доби поддршка и од едниот партнер во владејачката коалиција. Портпаролот на Демократската унија за интеграција, Бујар Османи за прв пат вели дека неговата партија во основа нема ништо против такво решение. ДУИ има резерви само за начинот на кој тоа прашање треба да се отвори, пренесува телевизијата Алсат-М. 

A leader of the Democratic Union for Integration (DUI) ,Ali Ahmeti greets to his supporters during the protest against violence during electorial campaign

„Ова е сериозна тема, која не може да биде прашање на медиумски разговори или по кругови. Ако има таква волја, тоа треба да помине институционално, првин преку разговори на релевантните партии потписнички на Пржинскиот договор. Ако во тие преговори се отвори таа иницијатива, ДУИ принципиелно е за формирање на канцеларија или посебен оддел, кој ќе се занимава со случаите на СЈО“, вели Османи.

На прашање дали партијата го дели ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека Катица Јанева работи само по налог на опозициската СДСМ. Се огради од директен одговор за позициите на коалициониот партнер, но додаде дека СЈО треба да ја докажува својата непристрасност.

„Ние немаме информација како работи СЈО, немаме пристап таму. Тоа што цениме е дека СЈО, е витален дел од пржинскиот договор, како што тој договор е единствениот начин за излез од кризава. Важно е СЈО да покаже непристрасност, поради овој јавен притисок кој се прави од партија потписничка е добро да работат уште повеќе за да докаже за непристрасната работа, без притисок од било која страна. Не го знаеме
нивниот начин на работа, важно е дека ја поддржуваме нивната работа да се оди до крај со нивната работа“, додава Османи.

Слични содржини