Изет Меџити, личност која две децении ги држеше највисоките позиции во Демократската унија за интеграција, денес, без срам, зборува за разбивањето на митот за ДУИ, велат од Демократската Унија за Интеграција.
„Две децении, Меџити ги искористуваше позициите што му ги даде ДУИ, како потпретседател на партијата, претседател на огранокот на Чаир и три мандати како градоначалник, за остварување на личните интереси и интересите на неговиот фамилијарен клан. Но, луѓето не се наивни. Албанците добро знаат дека Меџити е симбол на корупцијата, непотизмот и лошото владеење. Тој е лицето на она што го попречуваше развојот и напредокот на Албанците во Чаир и пошироко. Сега, со неговите празни зборови за „разбивање на митови“, тој се обидува едноставно да ја сокрие неспособноста и неуспехот да се прилагоди на новите стандарди за отчетност“, велат од ДУИ.
Како што додаваат, Меџити нема никакво морално право да зборува за ова. Неговиот револт е всушност незадоволството што тој не можел да биде дел од владата на ДУИ, а причината е јасна: тој не успеал да го помине тестот за интегритет и транспарентност што ДУИ и поширокиот процес на проверка за борба против корупцијата го бараат од секој претставник на партијата и на граѓаните.
„Изет Меџити не ја задржа својата позиција, не затоа што ДУИ е „мит“, туку затоа што неговите постапки и начинот на работа не се совпаѓаа со новите стандарди за транспарентност и одговорност. Токму поради оваа причина, тој одлучи да ја напушти партијата и да ја создаде својата, со единствена цел да влезе во влада по секоја цена, без оглед на недостатокот на легитимитет. ДУИ останува посветена на принципите на транспарентност, борба против корупцијата и одговорност“, велат Интегративците.
Во нивното партиско соопштение се додава дека граѓаните заслужуваат политичари кои ги претставуваат нивните интереси, а не личните агенди.
„Албанците нема да бидат измамени од политичари како Изет Меџити, кој ја изгради својата кариера врз злоупотреби и манипулации, а сега се обидува да ја обвини партијата за своите грешки. Времето на Изет Меџити заврши, а иднината на Албанците е во политики засновани на чесност и вистински вредности“, се вели во соопштението на ДУИ.