ДУИ: Меџити не знае за одговорност, знае само за личен интерес

Како што вчера не мрдна со прст да помогне и да покаже дека е лидер и одговорен политичар, така и изминатите две децении во Чаир бегаше од проблемите и ги тераше своите бизнис-интереси.

од Vladimir Zorba
22 прегледи Фото: Фејсбук страница на ДУИ

„Во време кога Скопје мирисаше на изгорена пластика, батерии и електронски отпад, кога граѓаните стравуваа за своето здравје, на Изет Меџити му беше најважно да пренесува во живо партиски настан во Чаир, како ништо да не се случува. Го прашуваме: зошто избегавте од вонредната прес-конференција додека луѓето од Трубарево се евакуираа доцна во ноќта? Имате ли грам одговорност за позицијата што ви е доверена?“, прашуваат утрово од Демократската унија за интеграција (ДУИ).

„Но, граѓаните не треба да бидат изненадени од ваквото однесување. Меџити 20 години во Чаир имаше само лични интереси, а никогаш вистинска грижа за потребите на граѓаните.

Како што вчера не мрдна со прст да помогне и да покаже дека е лидер и одговорен политичар, така и изминатите две децении во Чаир бегаше од проблемите и ги тераше своите бизнис-интереси.

Со луѓето се среќаваше само пред избори. Затоа Чаир денес изгледа вака, запуштен, небезбеден и заборавен. На 19 октомври, чаирчани ќе го поразат Изет Меџити, затоа што е време политиката на неодговорност и себичност конечно да стане минато“, додаваат оттаму.