ДУИ: Мицкоски рече дека ќе го укине покачувањето на платите од 78% за функционерите и многу други работи кои се докажаа дека се лаги

од Milan1
29 прегледи

Демократската унија за интеграција цени дека премиерот на Владата без етнички легитимитет, во недостиг на аргументи, продолжува да клевети и да создава непостоечки ситуации кои служат за моментален дефокус за да се извади од срамните секојдневни ситуации, соопштија попладнево од опозициската партија.

Оттаму велат „прво беше станот во Бутел со вооружени луѓе, потоа заклетва дека никогаш нема да го признае уставното име и договорот од Преспа, потоа зборуваше дека државата ќе се дестабилизира во септември, го нарече и проектот Коридор 8 епски коруптивен криминал и на крајот рече дека тоа е историско достигнување, рече и дека ќе го укине покачувањето на платите од 78% за функционерите и многу други работи кои се докажаа дека се лаги“.

„Исто како и се претходно, и смс пораките од ДУИ се лаги. Бараме Мицковски веднаш да ги објави вечерва, во спротивно ќе биде обична лага и клевета од собраниската говорница. ДУИ останува посветена на сопствените приоритети и на граѓаните, кои за жал оваа Влада без етнички легитимитет ги нема, туку напротив не оддалечува од Европа и од добрите меѓуетнички и меѓусоседски односи“ е партискиот став.

Слични содржини