ДУИ највува тужба: Сведочењето на Богоевски пред судот во Њујорк е конструкција

од Vladimir Zorba
132 прегледи

Сведочењето е конструкција на непосточки настани и околности – реагираат владеачката партија ДУИ, на објавеното сведочење на екс-разузнавачот Слободан Богоевски, пред судот во Њујорк за аферата Маџар Телеком.dui-sediste

– Ова е апсолутна невистина која се актуелизира како дел од гнасната кампања со лаги и измислувања во функција на предвремените избори догодина. Правните застапници уште утре ќе ги разгледаат материјалите и ќе поднесат соодветни пријави – изјавија за Телма од ДУИ.

Претходно и екс-премиерот Бучковски реагираше дека сведочењето на Богоевски било тенденциозно невистинити конструкции.