ДУИ не го подржува предлогот на СДСМ за промена на изборниот модел во една изборна единица, ниту пак враќањето на мнозинскиот ситем што вчера го иницираше премиерот Груевски-информира Ал сат.

Една изборна единица, според генералниот секретар на ДУИ, Абдилаќим Адеми, би ги фаворизирал македонските за сметка на албанските партии, а исто така би пропаднале и гласовите на партиите кои нема да го поминат евентуалниот праг од 5%. Мнозинскиот системот предложен од ВМРО-ДПМНЕ, според Адеми веќе е испробан и застарен. Ставот на ДУИ е да остане актуелниот пропорционален модел со 6 изборни единици или негово скусување на 3 изборни единици, ако за тоа постои подготвеност од политичките субјекти.
“Ако Македонија е една изборна единица, во тој случај ќе бидат фаворизирани македонските партии, бидејќи тие се поголеми, а би биле дискриминирани помалите партии, односно партиите на Албанците, зашто со нивниот број на гласови нема да можат да го надминат прагот од 5%, вели Абдулаќим Адеми, генерален секретар на ДУИ
Повеќе ТУКА