Демократската Унија за Интеграција денеска во Преспа ќе ја започне изборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули со промотивна конвенција кандидатите за пратеници.
-Денеска, 24 јуни 2020, со почеток во 13:00 часот, во одморалиштето Претор кај Преспа, ДУИ ќе оддржи промотивна конвенција на кандидатите за пратеници на предвремените парламентарни избори на 15 јули 2020. На денешниот настан, лидерот на ДУИ Али Ахмети ќе го претстави првиот кандидат Албанец за премиер на Владата на Република Северна Македонија, се вели во соопштението.