ДУИ основа 35 општински штабови за референдумот

од desk4
142 прегледи

   Централниот штаб на Демократската унија за интеграција за референдумот на 30 септември одржа состанок во седиштето на партијата во Тетово со 35 – те шефови на општинските штабови на ограноците на таа партија.

Шефот на Централниот штаб, Атила Рецепи, како што информираат од ДИУ, го утврдил основањето на штабовите за референдумот во сите ограноци на ДУИ и им доделил одлуки на избраните шефови на општинските штабови посакувајќи им успешна работа.

На состанокот била усвоена и агендата на средбите на претседателот на ДУИ, Али Ахмети со граѓаните, стратегијата на делување на терен од структурите, а била споделена и политичката платформа за референдумот усвоена на седницата на Централниот одбор на ДУИ.

Централниот штаб на Демократската унија за интеграција оценил дека на 30 септември се одлучува за интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ, а собирите со граѓаните партијата ќе ги почне утре во Тетово, а ќе ги заврши во Скопје