ДУИ: Победа во Кичево и Пласница, во втор круг во Тетово, Чаир, Гостивар и Сарај

од desk2
98 прегледи

Демократската унија за интеграција (ДУИ) објави победа на денешните локални избори во Кичево и во Пласница.

– Во вториот изборен круг ДУИ ќе се бори за градоначалнички места во Тетово и во скопски Чаир, во конкуренција со БЕСА, во Гостивар во конкуренција со Алијансата за Албанците, како и во Сарај, изјави вечерва Фатмир Бесими од ДУИ.

Според Бесими, ДУИ на изборите освоиле над 100.000 гласови и останува најголема политичка партија на Албанците./MIA