ДУИ поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на одлуката за распуштање на Собранието, потврди за Телма шефот на кабинет, Артан Груби. Бараат одлуката да се прогласи за неуставна со што ќе му се овозможи на Собранието повторно да заседава. Повеќе детали најави портпаролот на партијата Бујар Османи.
Утринава, лидерот на ДУИ, Али Ахмети по средбата со германскиот специјален пратеник за Македонија, Јоханес Хајндл изјави дека се консултираат со домашни и странски правни експерти за тоа како да се свика Собранието за да се донесат неколку важни одлуки. Рече дека е во контакт со сите политички партии околу оваа иницијатива и ги повика да ја поддржат. Повтори дека избори на 5 јуни нема да се одржат, затоа што не постојат услови за тоа. /извор Телма