ДУИ: Посетата на Ахмети е партиска колку што беше партиска и посетата на Попоски, ќе се дискутира единствено за името

од desk3
102 прегледи

ali-ahmeti-gruevski-500 (2)
“Посетата на Ахмети и владините функционери на Атина е приватана и партиска исто колку што беше партиска посетата на Попоски”- реагираат од ДУИ. Од таму информираат дека ова не е прва посета на нивниот лидер и владини функционери во Атина, ниту пак е прва средба на Ахмети со министер за надворешни работи на Грција.

Брисел потврди – Хан на 14 ти е во Македонија

На средбата утре ќе се дискутира единствено за спорот со името и за конкретните идеи што велат од Мала Речица, ги има шефот на грчката дипломатија Коѕијас. Од ДУИ сметаат дека во наредниот период додека Македонија има преодна влада, е најдобар начин да се направи поместување во спорот со името.

Пред еден месец на средба со Коѕијас беше и Министерот за надворешни работи Никола Попоски, кој по средбата порача дека до решение за името стојат планини.