„Парламентарното мнозинство презеде срамен и реваншистички акт, разрешувајќи ја Илире Даути од функцијата претседателка на Комисијата за социјална политика, само затоа што таа одби да го помине дискриминаторскиот закон што предвидува компензација само за „бранителите“ од 2001 година“, реагираат од ДУИ откако беше изгласана интерпелацијата за претседателката на собраниската комисија.
„Оваа одлука не е ништо друго освен директен удар врз Охридскиот договор и обид за негово поткопување на секој можен начин. Наместо да работи на единство и еднаквост, оваа влада дејствува со логика на исклучување и реваншизам. Ова е јасна порака дека Албанците во оваа држава сè уште се сметаат за граѓани од втор ред и дека нивната жртва за еднаквост никогаш нема да биде признаена од власт што е заробена во минатото. ВЛЕН, како и досега, совршено ја одигра улогата на покорен слуга, одобрувајќи и молчејќи пред овој срамен чин. Ова уште еднаш докажува дека тие не се претставници на интересите на Албанците, туку слуги на оние што сакаат да ги поткопаат нашите колективни права“, велат од ДУИ.