Да не се доведеме во ситуација на самоволие и правдата да ја земеме во свои раце бидејќи тогаш само Господ знае како ова може да заврши, предупредија од партијата на Али Ахмети доколку институциите итно не ги тргнат приватните разговори од незаконски прислушуваните материјали објавени на каналот „Јутјуб“, социјалните мрежи и на порталите и не ги казнат лицата што стојат зад емитувањето на тие снимки во јавноста, пишува Дневник.

Деновиве на социјалните мрежи и по порталите се ширеше една аудиоснимка за која се тврди дека е меѓу потпретседателот на Владата Муса Џафери и пратеничката Ермира Мехмети. Ова всушност е втора снимка за раководствот на ДУИ по онаа меѓу лидерот на ДУИ Али Ахмети и поранешниот министер за правда Блерим Беџети, која предизвикаа оваа реакција од ДУИ кои се закануваат на сите и на тие кои обкјавуваат и на инсттуциите
Од ДУИ како реакција заканувачи порачуваат :
Да не се доведеме во ситуација на самоволие и правдата да ја земеме во свои раце бидејќи тогаш само Господ знае како ова може да заврши, предупредија од партијата на Али Ахмети до колку институциите итно не ги тргнат приватните разговори од незаконски прислушуваните материјали објавени на каналот „Јутјуб“, социјалните мрежи и на порталите и не ги казнат лицата што стојат зад емитувањето на тие снимки во јавноста, пренесе Дневник.
Од ДУИ најавуваат дека ќе бидат поднесени пријави до повеќе институции за нереагирање и непреземање мерки во заштитата на приватноста и кривични пријави до медиумите кои овие разговори ги објавиле. Адвокатски тимови на ДУИ вече подготвуваат тужби до различни строители, од институции до портали, но не прецизираат дали тие ќе бидат поднесени од партијата или од вицепремиеорт Муса Џафери и пратеничката Ермира Мехмети.