ДУИ си бира партнер каков им одговара, вели Селмани

од Берта Китинска
328 прегледи

ДУИ секогаш знаеле на крајот да си материјализираат за нив некои политики за нив. Не е чудно и неочекувано и не е за осудување ако си проценат дека може да изгубат од својот рејтинг и поддршка, да дојдат до заклучок дека треба да се оди на предвремени избори, вели поранешниот министер и екс градоначалник Имер Селмани во Утрински Брифинг.

-Не е ниту чудно ниту невидено досега што Ахмети константно има состаноци консултации и со претседателот на СДСМ и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е една политика вгнездена во филозофијата на ДУИ дека секогаш си го бираат партнерот онака какошто на нив им одговара најмногу. Демократија се бројки, гласови во парламентот, едноставно решава во клучни моменти. ДУИ располага со одреден кампус во парламентот и секако е еден од главните играчи, посочи Селамни.

Според него по НАТО и успешната приказна со Грција Ахмети и ДУИ би сакале да имаат уште една голема заслуга во својот мандат, а тоа се преговорите за членство во ЕУ и решавање на проблемот со Бугарија.

-Проблемот бенигно се појавува и расте. Знаат од искуството го Груевски дека ако еден проблем не се реши брзо тој ќе порасне. Им се брза да го решат додека спорот не е уште толку голем и може да се реши. ДУИ сега има министер за надворешни работи и од некаде мора да протече предлог решение со Бугарија и ќе сакаат да го решат овој проблем и да се фокусираат на нивната зелена агенда. Јас ги охрабрувам сите и претседателот и премиерот и министерот да изнајдат решение со Бугарија, заклучи Селмани.

Слични содржини