ДУИ со 5 столба за преговори со албанските партии

од Vladimir Zorba
374 прегледи

Бујар Османи од ДУИ за ТВ 21 ги посочи петте главни столба за преговори со албанските партии.

„Многу е важно да се согласиме за оваа албанска платформа во политичката трка која треба да биде постојана за албанската политика:

1.На изборите не се тркаме со повеќе од две листи. 2. Партијата која ќе добие глас повеќе зборува во име на Албанците во другите општини. 3. Партиите и пратениците кои имаат глас помалку, даваат поддршка на првата партија која за стратешките линии ќе зборуваат во името на сите пратеници Албанци, а за дневно политички прашања ќе биде главен коректор. 4. Пратениците на партиите кои не победиле не водат разговори на страна за да ги ослабнат преговарачките позиции на победничката партија (како во 2006). 5. Можност за соработки во разни форми во интерес на граѓаните меѓу албанските политички партии“, истакна Османи.