ДУИ: Со аболицијата е создадена нова ситуација на сомнеж во кредибилни избори

од desk3
100 прегледи

Владејачката албанска партија Демократска унија за интеграција (ДУИ), засега нема дефинитивен став дали дали да се оди на избори на 5-ти јуни, а портапролот на ДУИ, Бујар Османи, во изјава за ТВ Телма рече дека за партијата е примарно да се дојде до решение за излез од кризата, преку консензуален договор меѓу партиите.

Bujar_Osmani

„Единствено решение за излез од кризата е консезуален договор помеѓу партиите за Договорот од Скопје, односно од Пржино. Сметаме дека нема еднострани решенија за излез од кризата – кое и да е решение, дали преку избори или на друг начин, мора да ги опфати сите страни во процесот, во спротивно, влегуваме во нова криза“, вели Османи во изјавата за Телма.

РСЕ: Кој раководи со МВР?

Според ДУИ, со обидите за поништување на Договорот од Пржино, а особено со одлуката за аболиција, е создадена нова ситуација на сомнеж во кредибилни избори.