ДУИ: Стоилковиќ од моноетничката влада го намали буџетот за одбележувањето на Охридскиот договор

од Илинка Илиоска
27 прегледи

Демократската унија за интеграција смета дека е навредлив фактот што „потврдениот путинист, непризнавачот на независноста на Република Косово, Иван Стоилковиќ, е вицепремиер и министер одговорен за Охридскиот договор, иако тој самиот ниту го признава ниту го почитува“.

ДУИ го осуди намалувањето на буџетот за Охридскиот договор, кое го гледаат како резултат на одлуката на „моноетничката влада“ и поддршката од „вазали“ кои „ги окупираат државните институции без легитимитет на албанскиот гласач, но со предпочитање на ВМРО-ДПМНЕ, како во времето на монизмот и Милошевиќ.“

Во своето соопштение, ДУИ истакнува дека нема да остане пасивен додека, како што велат, „се понижуваат Албанците и другите“ и „се поништуваат достигнувањата за еднаквост.“

За да го одбранат легитимитетот на Охридскиот договор, ДУИ ангажираше авторот на договорот, Пол Вилијамс, и неговиот тим од ПИЛПГ, кои веќе поднесоа прв нацрт на правна платформа. Овој нацрт ќе биде разгледан внатре во Европскиот фронт, а потоа ќе биде презентиран на академската заедница, невладините организации, медиумите и граѓаните.

Централното одбележување на потпишувањето на Охридскиот договор ќе се одржи утре, 13 август 2024 година, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Слични содржини