739
Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу смета дека ДУИ треба да се „апдејтираат“ и да одат во опозиција.
-Треба да ја актуелизираат опозицијата, опозицијата е здрава, истакна Алиу во синоќешната емисија „Клик плус“.
Порача дека неговата партија Алијанса за Албанците како политички субјект воопшто не зажалиле што станале дел од Владата.
-Пишман не, само требаше повеќе да се трудиме отколку да имавме 4-годишен мандат, посочил Алиу.
Според него, за да се биде дел од Владата во последната година од мандатот, треба повеќе да се работи.