ДУИ: Владата на ВМРО-ВЛЕН го злоупотребува ЗЕЛС за политичка централизација и опструкција на опозициските општини

од Илинка Илиоска
45 прегледи

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) ги осуди последните случувања во Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), истакнувајќи дека новата Влада “почнала политички да ја злоупотребува” оваа институција. Според ДУИ, “централизацијата и амбициите за преземање на надлежностите од опозициските општини” се неприфатливи и претставуваат обид за заобиколување на градоначалниците од редовите на албанската опозиција.

“Неприфатлива е тенденцијата да се централизираат работите и да се злоупотреби ЗЕЛС за да се заобиколат градоначалниците на општините од редовите на Европскиот фронт,” се вели во соопштението од ДУИ.

Партијата дополнително изразува загриженост дека Владата на ВМРО-ВЛЕН “почнала да ја злоупотребува работата на ЗЕЛС во сите форми,” што, според нив, има за цел да ја уништи политичката волја на албанските партии дури и на локално ниво.

„Затоа, и во ДУИ се доставени сериозни иницијативи од страна на градоначалниците на општините предводени од албанската опозиција за да го разгледат ставот за учеството на градоначалниците во Заедница на единиците на локална самоуправа, тело каде се координират активностите за работата на општините“, велат од ДУИ

Слични содржини