ДУИ: ВЛЕН и партнерите ВМРО-ЗНАМ не враќаат во времето кога албанските деца беа напаѓани во автобуси, враќањето на тепачките поради етнички мотиви е неприфатливо

од Илинка Илиоска
77 прегледи

По официјалните информации за вчерашната тепачка, поточно физичкиот напад врз тројца малолетници Албанци во центарот на Скопје со употреба на тврди предмети, ДУИ изразува сериозна загриженост, уште повеќе кога се информиравме дека нападот врз малолетници се случил од етнички мотиви, велат од оваа партија.

„ДУИ оценува дека овој инцидент, кој не е без преседан, за жал е резултат на секојдневните неуспеси на Владата да негува добри меѓуетнички односи, имено како резултат на отворањето на многу меѓуетнички прашања, како и поттикнување на провокативен јазик кон етничките прашања.

ВЛЕН заедно со нивните партнери ВМРО-ЗНАМ не враќаат во времето кога албанските деца беа напаѓани во автобуси, на секој спортски натпревар албанците беа навредувани и дека ДУИ целосно го прекина таквиот дух по голема посветеност во континуитет“, се нагласува во нивната реакција.

Апелираат до Министерството за внатрешни работи да ги преземе сите соодветни чекори за расветлување на случајот, бараат казнување на сторителите и што поскоро преземање превентивни мерки за спречување на проширување на оваа појава.

ДУИ, додаваат од партијата на Ахмети, цврсто стои на нашата определба да придонесеме максимално за одржување на добри меѓуетнички односи во земјата.

Слични содржини