ДУИ: Во ФЗОМ 18 унапредувања за Македонци, ниту едно за Албанец

од Milan1
12 прегледи

Демократската унија за интеграција со длабока загриженост го осудува најновиот пример на намерна и систематска дискриминација на Албанците во државните и јавните институции.

Само во еден случај, Фондот за здравствено осигурување на РСМ, се реализирани 19 унапредувања, од кои 18 за Македонци, 1 за Турчин, а ниту едно за Албанец. Ова е јасен показател за етничка исклученост и повреда на уставниот принцип за правична и соодветна застапеност, како и доказ за континуитетот на дискриминаторските политики што ги спроведува оваа влада, велат од ДУИ.

„Оваа влада секојдневно дејствува како режим на етничка изолација, претворајќи ги јавните институции во ѕидови за Албанците. Наместо еднаквост, се спроведува исклучувачки систем кој унапредува само етнички селектирани лица, ги игнорира албанските професионалци и им ја ускратува можноста за професионален и институционален напредок. Сè започна со неуставното укинување на балансерот од страна на Уставниот суд, со цел да се создадат услови Албанците да бидат третирани како непожелни во државната и јавната администрација.

Упатуваме апел до сите институции за транспарентност и одговорност и јасно порачуваме дека ДУИ нема да дозволи Албанците да бидат третирани како граѓани од втор ред во сопствената држава“, се вели во соопштението од ДУИ.

Слични содржини