276
Денеска во Липково, Демократска унија за интеграција (ДУИ), ќе одбележува 20 години од конфликтот во земјава.
Според најави од партијата, на настанот ќе биде присутен и лидерот на партијата Али Ахмети, придружуван од министри и пратеници на ДУИ.
Борбите меѓу припадниците на ОНА и македонските вооружени сили во 2001 година во Кумановско, поточно во регионот на општината Липково, почнаа на 2 мај.
Воениот конфликтот, што почна во јануари 2001 година заврши со политички договор, односно со потпишувањето на Рамковниот договор во август истата година. Потоа дел од парамилитантната ОНА се трансформира во политички субјект, односно во 2002 година беше формирана ДУИ како партија што произлезе од конфликтот и на чие чело од самиот почеток е Ахмети.