
Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денес ги посети жителите на с. Дебреше и Житоше во Општина Долнени. Лидерот на ДУИ изјави дека силно стои зад нивниот кандидат во ова општина Џемил Ќамили кој на 29 октомври ќе влезе во трка со неговиот противкандидат од СДСМ.
„Дезинформации и деструктивни се гласините дека ДУИ направила пазарења со СДСМ за да и ја „продаде“ општината, јас лично дојдов тука да ви гарантирам дека ДУИ силно стои зад Џемил Ќамили“ изјавил меѓу другото Ахмети.