Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕРМ) тврди дека ДУИ ќе ја напушти владата, пренесува „Тетова сот“.

Според претседателот на партијата Самка Ибраимовски, ова ќе значи распуштање на парламентот и созадавање хаотична состојба во државата, како што вели тој „за да се блокираат сите бомби и индикации за криминал и да се одржат што побрзо изборите без да се направат измени во избирачкиот закон“.