ДУИ за Гошинце: Граѓаните да не наседнуваат на провокации

од desk3
133 прегледи

ДУИ смета дека инцидентот во Гошинце е акт кој и наштетува на агендата на Албанците во Македонија, како и воопшто на националната агенда, се вели во соопштението на партијата на Али Ахмети.

mkd-101589

„ДУИ ги повикува граѓаните да не се грижат и да не наседнуваат на провокации. Ги уверуваме граѓаните дека овие инциденти нема да нè оттргнат од нашата зацртана агенда и од нашите активности.“

„Бараме од надлежните институции да ја преземат својата одговорност за да им гарантираат безбедност на граѓаните и што побрзо да го расветлат настанот.“

„Во исто време бараме да се интензивира регионалната соработка за да се гарантира безбедноста и за да се намали просторот за дејствување на групи чија цел е да се спречи реализацијата на агендата за интеграција и помирување,“ наведуваат од ДУИ во своето соопштение.