ДУИ зборува за борбата против корупцијата, па ќе се бара поддршка и од нив, вели Османи за средбата Јан Коп-Ахмети

од Nikola Popovski
420 прегледи

Продолжување на ставот на холандскиот амбасадор кој што го кажа во неколку наврати кон крајот на минатата година. Веројатно ДУИ е еден од тие кои што зборуваат за борбата против корупцијата, па ќе се бара поддршка и од нив, вака министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи ги коментира вчерашните директни пораки од холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп кон лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Османи тврди дека во неговите разгвори со холандскиот амбасадор постојат две суштински разлики – Јан Коп смета дека ние можеме да постигнеме европски стандард на владеење на право и без преговори со ЕУ.

-Од една страна, едни тоа го читаат како комплимент. Јас сметам дека ние не можеме да постигнеме европски стандард без процес на преговори со ЕУ, истакнува Османи на денешниот брифинг со новинарите.

Вели дека ние можеме сами да постигнеме некаков балкански стандард на владеење на право.

-Тие два процеси се меѓусебно поврзани. Блокирањето на нашиот пат кон ЕУ е директна причина за неможност за постигнување на европски стандард. Тука прашањето е кое е постаро – јајцата или кокошката. Дали причината што сме блокирани не можеме да постигнеме европски стандард или тоа што не постигнуваме европски стандард е причина што не можеме да се придвижиме кон ЕУ? Има сиви зони, кажа министерот.

Околу ставот дека има политичко влијание во судството, Османи вели дека како партија сметаат дека има одредено влијание на олихаргијата врз критични точки во системите на државата, кои што се многу поопасни.

Слични содржини