Кризната состојба значи дека се активираат механизмите предвидени во зконот за уравување на кризи, со цел поуспешно одговарање на кризата со пандемијата, вели Универзитетскиот професор Никола Дујовскиод факултетот за безбедност во Студио 10.
Тој напоменува дека во оваа состојба поедноставно и побрзо ќе се носат одлуките и ќе се активира Армијата каде треба.
„Граѓаните не треба да бидат вознемирени, оваа криза состојба значи дека институциите ќе ги збијат совите редови за да може да одговорат на побрз начин. Кризната состојба се воведува исклучиво за заштита на граѓаните и не треба да се поврзува со полициски час.Во кризна состојба државата може да се постави во функција на управување на одредени приватни кпацитети како што сега се случува и дравата ќе продоли да управува со лекувањето на пациентите кои ќе бидат сместени таму“, вели Дујовски.