Дујовски: Случајот со лажните пасоши не е можно да се спроведувал само на шалтерите на МВР

од Nikola Popovski
464 прегледи

„Нема интерес државата да стои позади оригинални патни исправи со невистинита содржина на лица кои имале историја со Интерпол или ќе имаат во иднина“, вели универзитетскиот професор Никола Дујовски за акцијата „Двојник“.

Според него, ова не е можно да се случувало само на шалтерите на МВР, но за тоа е важно да имаме многу јасна и прецизна истрага, која што ќе ни ги даде одговорите дали има организатори и до кое ниво одат и дали има политички притисоци.

„Обвинителството да се насочи внимателно и кон секој аспект. Тоа не треба да се задржи само на долниот кат на МРТВ, каде се изадаваат пасошите и се сместени службениците. Процедурата за издавање кај нас е прилично едноставна и одговорноста завршува прилично ниско. Увид во дневното издавање на пасоши не вршат дневните раководители“, изјави Дујовски.

 

Слични содржини