238
Спомениците се за историјата, спомениците не можат да ни донесат ништо добор не денес, не сега не во иднина, вели Никола Дујовски, универзитетски професор во Студио 10.
-Наместо да градиме автопати, да градиме училишта, да градиме капацитети и фабрики каде младите од липковскиот регион би работеле ние градиме споменици тоа е чист популизам. Koга нема други идеи и сте на власт 20 години дури и самиот Али Ахмети верувам дека е презаситен иако никогаш не учествувал во извршната власт, вели Дујовски.