Дујовски за мешањето на Радев: На измислен проблем имате измислена опасност

од Nikola Popovski
395 прегледи

„На измислен проблем имате измислена опасност. Дали овде некој слушнал за такво нешто повредување на правата на Бугарите, освен некоја невладина организација, која што декларира одреден степен на загриженост“, прашува универзитетскиот професор, Никола Дујовски за емисијата „Само вистина“, на прашањето што значи мешањето на бугарскиот претседател Румен Радев во внатрешните работи на Република Македонија.

Според него, овој акт на Бугарија не го изненадува, но тоа е се во рамките на нивното предизборие.

„Да почекаме да видиме со изјавите, да видиме дали така ќе се однесуваат и во иднина. Ова е неприципиелно. Радев не е газда бугарските тајни служби. Тие се собрале и дискутирале исто како што кога ќе се соберат од Бугарската академија на науките и ќе зборуваат. Не се променило ништо после тие нивни средби“, смета Дујовски.

Слични содржини