Дебарскиот градоначалник Хекуран Дука на денешната редовна петочна прес конференција искажа загриженост во врска со епдемиолошката состојба со Ковид-19 во општината.
-Во текот на оваа недела земени се вкупно 35 брисеви, од кои шест се позитивни, три негативни, а за останатите се очекува резултатот попладнево или евентуално утре. Во втората фаза на пандемјата имаме вкупно 38 заразени лица, едно е оздравено, додека останатите се активни на болеста, од нив пак седум се на лекување во Скопје, рече Дука.
Кон загриженоста ја додаде и оценката на надлежните дека доаѓаат „полоши денови во врска со ширењето на вирусот и очекуваме следните денови да имаме повеќе инфицирани, повеќе заболени лица, посакуваме да немаме загуба во животи”.
Според Дука новозаразените главно се млада популација, ученици и студенти.
-Дваесет до 30 отсто од новозаразените имале контакт во други градови во земјата, поради обврски што ги имале и морале да патуваат во други градови. Повеќето од заразените припаѓаат на младата популација, ученици и студенти, кои манифестираат симптоми на патологија со Ковид19, како што е висока телесна температура, грозница, болки во мускулите, а има и со тешко кашлање и тешко дишење, посочи тој.
Според него рестриктивните мерки речиси не постојат, затоа нагласи, останува на нас самите да се грижиме за нашето и здравјето на другите.
-Треба да се самозаштиме со почитување на предвидените протокол, одржување дистанца, носење маска и почеста дезинфекција на рацете, порача Дука, кој раководи и со општнскиот Оперативен штаб.