Дукоски: Сведочењето на Тодоровска е брутална лага, многу би сакал и мене да ми легнат на сметка 730 000 евра и да не знам од каде се

од Nikola Popovski

Авторката на проектите за Домовите за стари лица, Лилјана Тодоровска, се упатила кон Музејот на современа уметност (МСУ), во летото во 2017 година за да присуствува на свечениот настан за основање на невладината ,,Меѓународен сојуз Скопје”, по упатство на министерката Мила Царовска.

– Таа ми посочи ден, место и време кога ќе се основа „Меѓународен сојуз“. Местото беше во МСУ, лето 2017 година. Симпатично бев изненадена од лицата кои присуствуваа. Тука и се запознав со Бојан Јовановски, Јасна Мандиќ и Кристина Блажевска – изјави Тодоровска.

Сведокот Тодоровска, во продолжение на сведочењето, рече дека од кога се запознала со Бојан Јовановски, го потпишала договор за соработка меѓу неа и невладината „Меѓународен сојуз“ Скопје.

– Ја потпишав само последната страна. Јасна ми рече дека осум е часот и дека ќе го види утре. Неколку пати барав да го видам, но никогаш  немаше време – изјави сведокот Тодоровска.

Адвокатот Сашко Дукоски кој е дел од одбраната на обвинетите, сведочењето на Тодоровска го нарече брутално лажење.

„Дали вие сметате дека еден нормален човек со неодземена деловна способност што ќе се рече возрасен и при здрава свест и здрав памет, ќе потпише нешто коешто не знае што потпишала. Тоа е една работа. А, втора работа многу би сакал и мене да ми легнат на сметка 730 000 евра за коишто, исто така чудно, не знае од каде се, но од кои и бил сервисиран нејзиниот кредит. И трето, ако сте вие единствен потписник на жиро сметката, како е можно некој друг во ваше име да ги подига тие пари, и втора работа да ги пренесе тие пари, да ги конвертира тие пари од денари во евра. Тоа е обична лага“, рече Дукоски.

Тој на сведокот ѝ предочи документ од банка во износ од 45 милиони денари кои биле на нејзината банкарска сметка и побара објаснување дали таа има една банкарска сметка.

На ова рочиште беше спомнат и поранешниот пратеник Александар Кирацовски. Обвинетиот Бојан Јовановски, побара одговор од сведокот дали од Кирацоски, барала вработување на нејзиниот син. Но, судот не дозволи одговор на ова прашање. Приватната средба со лицето Силјан Мицевски, ја образложи со кажување на целата вистина за случајот, по што следеле погрдни зборови од Јасна Мандиќ и Кристина Блажевска.

Слични содржини