Тврдам дека нема „и“ од измама, а не пак, перење пари, за случајот „Меѓународен сојуз”, кажа бранителот на обвинетиот Бојан Јовановски, адвокат Сашо Дуковски.
Според него Обвинителство направило измама од класичен облигационен однос меѓу невладината „Меѓународен сојуз“ и бизнисмените Силјан Мицевски и Адријан Амзовски.
Тој додаде дека скоро секој во државава го познава стопанственикот Силјан Мицевски, па посочи:
– Кој е Бојан, да го измами еден од најуспешните бизнисмени во државата. Треба да имате доказите дека некој влијаел врз него. Нека се обиде кој било од нас на Силјан Мицевски да му побара 70.000 илјади денари, а не 719.000 илјади евра, па да видиме дали ќе ги добие.
Освен за првообвинетиот, Дуковски завршни зборови денеска изнесе и за обвинетите Миле Јовановски и Христина Блажевска, при што му предложи на Судот да ги ослободи од вина со образложение дека обвиненијата за кои се товар се неосновани.
Обвинителот Трајче Пеливанов побара соодветни казни за сите обвинети во случајот Меѓународен сојуз. Тој истакна дека обинетите свесно ги починиле делата и затоа треба да бидат казнети.
Тој исто така објасни дека Јовановски треба на оштетените Силјан Мицевски и Адријан Амзоски да им ја надомезти штетата.