Дуковски: Не знам дали е точно дека Ана Камчева се сретнала со Заев

од Vladimir Zorba
409 прегледи

Има контрадикторности во изјавите на сите сведоци, рече Сашо Дуковски, адвокат на првообвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13.

„Нека поминат и другите сведоци, ги слушнавте и вие. Не знам дали е точно дека сведокот Ана Камчева се сретнала со премиерот, тоа не го кажала во исказот, нејзиниот сопруг кажа дека пријавил кај премиерот“, рече Дуковски.

Тој додаде дека не случајно кажав дека има сериозни разлики во изјавите пред обвинителството и сега пред судот.

Адвокатите на обвинетата Катица Јанева пак кратко рекоа дека ниту еден од сведоците не посочиле дека поранешната Специјална јавна обвинителка барала пари.

А.Т.

Слични содржини