Дуковски: Пресудата за Јовановски е несреќен компромис меѓу политика и судијката

од Nikola Popovski
275 прегледи

Адвокатот на Бојан Јовановски, првообвинет во случајот „Меѓународен сојуз“, Сашо Дуковски смета дека денешните судски пресуди не се заснова на докази изведени во текот на постапката, туку е според него, несреќен компромис меѓу политика и личен аномозитет на судијата кон мојот клиент.

-Не влегувам воопшто во драконската казна, затоа што сметам дека нема извршено кривично дело во случајов. Се гледа дека судот употребил некаков труд во препишување и учење на коментари за кривичното дело. Доказ на главен претрес нема. Стана опасна мода за секое дело од стопанскиот криминал, да биде гонет сторителот и за перење пари. Тоа е предикативно кривично дело. Не ми е јасно дека судот веројатно има посебни способности, кога со таква прецизност ги утврди наводните пачки, во кој износ биле. Наводните пари судот вели биле потрошени за лични деловни потреби. Каде е доказот за тоа? Ова е пример за пресуда каква не треба да биде донесена. Секако ќе биде обжалена, рече Дуковски пред Кривичниот суд.

Според адвокатот на Боки-13, останатите обвинети требале да бидат ослободени исто како што е ослободена поранешната пратеничка Фросина Ташевска Ременски.

Слични содржини