Поставија камери дури до Црвен крст, најавија дека ќе ја наполнат улицата до зградата на ЗОИЛ, ама ништо, едвај до Градска Болница. Големи дупки пред Парламентот покажуваат снимките од дронот колку и да се труделе оптички да ги сокријат и да го фатат аголот. Очигледно е дека се прецениле и дека наредбата со списоците кои ги порачале, кој сѐ мора да дојде и колку треба да донесе, не им ја испочитувале ниту членовите, ниту нововработените.
Медиумите од регионот известуваат за митингот на ВМРО-ДПМНЕ и калкулираат со бројка на посетеност од 20.000 до 30.000 луѓе.
Медиумите пишуваат и за притисоците со кои се носеле луѓето на митингот за поддршка на партијата на власт.





А еве ја и снимката од дронот на кој јасно се гледаат големите дупки на контра митнигот на ВМРО ДПМНЕ и дел од коалиционите партнери.
