Дупла жица- Македонија крева втора ограда долж границата со Грција

од Vladimir Zorba
138 прегледи

Македонската армија почна да гради втора ограда долж границата со соседна Грција и особено крај кота 59. На ова место пристигнуваат сите мигранти од соседна Грција. Македонските војници почнаа изградбата на втората  дупла жица вчера за време на викендот.

ог

. Практично се добиваат две огради со еден мал тунел меѓу нив. Според македонското Министерство за внатрешни работи од почетокот на година во Македонија од Грција пристигнале околу 60 000 мигранти. Во саботниот ден во Идомени недалеку од македонскиот пограничен град Гевгелија пристигнаа 69 автобуси со мигранти. Во следните денови се очекува зголемување на миграција поток кон Македонија поради запирање на штрајкот на грчките поморски вработени.

Вториот ред жичана ограда на јужната граница која ја почна Армијата на Македонија  е за да се зајакне безбедноста на оваа граница, во пресрет на заострените мерки за пропуштање на бегалците кон Европа.

ograda-granica1

Мрежата се поставува интензивно лево и десно од котата 59.  АРМ на крајот на ноември минатата година почна со поставување на првата жичена ограда од левата и од десната страна на кота 59 на македонско-грчката граница.

Планот е оваа двојна ограда да ја има по должината на целата  јужна граница,  од Дојрамн па се до Преспа.Официјални лица велат  и дека оградата се поставува за да се спречат илегалните премини на мигрантите кои сѐ почесто почнуваат да ги користат дивите премини за да влезат на територија на Македонија и да го продолжат патот кон Европа. Македонија и овој дел од справувањето со бегалската криза го прави со сопствени средства.камп

Кон средината на декември лани, АРМ постави жичена ограда на македонско-грчката граница и кај граничниот премин Меџитлија, во близината на Битола.Само во јануари спречени се повеќе од 4.000 обиди за илегални минувања на мигранти на кои им е забранет патот кон Европа.

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски соопшти дека неколку земји понудиле помош за заштита на македонско-грчката граница. Унгарија, Чешка, Словачка, Хрватска и Србија се меѓу земјите кои понудиле помош при изградбата на центарот на регистрација. “Неколку држави изразија желба да испратат чамци, полицајци и опрема”, рече уште Попоски. Од почетокот на годината од Грција во Европа влегле над 60 000 мигранти. “Најважно е дека имаме луѓето и опремата, кои можат да го контролираат границата и да вршат регистрација, каде што луѓето легално  ја минуваат границата. Македонија веќе  ја користи за такви цели својата армија”, истакна Никола Попоски.

Локално отсетува дека во текот на изминатата година од Грција во Република Македонија пристигнаа над 700 000 мигранти. Сите тие пристигнаа организирано од грчките власти со автобуси и возови до македонскиот пограничен град Гевгелија.