Дураки не одржал ниту еден прес за загадувањето, а зема плата од 72 илјади денари Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки не е загрижен за загадувањето. Тој не загрижен ниту за критките од граѓаните дека 1.5 милион евра се малку пари за борбата против загадувањето.

Во изјава за телевизија Сител, надлежниот министер рече дека Македонија не е Швајцарија, а сите прашања да се упатат кон работната група.
Дигиталната платформа „Види Вака“ објави пак дека министерот Дураки повеќе од 17 месеци е на функцијата, а не одржал ниту една прес-конференција или брифинг поврзана со загадувањето.
https://www.facebook.com/vidivakamedia/videos/298599820762667/
Според алатката за отчетност на Владата, Дураки како министер добива плата од 72.621 денари./Независен