Дурaнт ги „запали социјалните мрежи“ со порака: Укинете го Ол-Стар и сите да одиме на одмор!

од Vladimir Zorba
47 прегледи

Се одржа уште еден НБА Ол-стар викенд, според многумина најлошиот досега. Очигледно тие коментари го погодија Кевин Дурант, кој на интересен начин ја прокоментира оваа ситуација.

По екстремно слабиот прв ден, вториот ден го „извади“ Мек МекКланг со неговите забивања. Третиот ден ни донесе судири меѓу најдобрите играчи во светот, но не во форматот на кој сме навикнати.

Наместо две видовме три екипи, се одиграа вкупно три натпревари до 41, што воопшто не им се допадна на навивачите. Исто така, било пресметано дека кошарката се играла само 42 минути, додека повеќе од два часа биле потрошени за реклами, анализи и запознавање играчи.

НБА е на удар на сите, што очигледно силно го погоди Дурант. Асот на Феникс Санс остави интересен коментар на својот профил на „Х“.

„Мислам дека е позабавно да се жалиш на НБА отколку всушност да ја гледаш. Лудо, откажете го Ол-старот и ајде сите да одиме на одмор кога веќе сме толку мизерни во ова време“, сподели Кевин Дурант.

Тој е познат по своите твитови, а овој пат не беше ништо поинаку. Како тие навивачи да не се причината НБА играчите да не заработуваат милиони.

Лигата ја сфати својата грешка и најави коренити промени за наредната сезона, но останува да се види колку од тоа ќе се спроведе на дело.

Слични содржини