Дурант излекуван од коронавирусот

од Stefanija Kuzmanovska

Генералниот директор на Бруклин Нетс, Шон Маркс објави дека Кевин Дурант и другите членови на клубот веќе немаат никакви симптоми на коронавирус.


Нетс објавија пред нешто повеќе од две недели дека четворица членови на клубот се позитивни на коронавирус, но не именуваа никого. Дурант тогаш објави дека е еден од нив.

Со оваа вест, трендот во НБА лигата продолжува, со тоа што играчите успешно се опоравуваат откако се заразија. Руди Гобер, чиј позитивен наод предизвика масовно прекинување на спортот во САД, беше излечен минатата недела, исто како и неговиот соиграч од Јута, Донован Мичел.

На списокот се наоѓаат и Кристијан Вуд од Детроит, како и двајца неименувани кошаркари на Л.А. Лејкерс. Во неделата, истото соопштение го даде Марсккус Смит од Бостон. Смит донирал крвна плазма за да испита дали крвта на опоравените може да помогне во развој на лек за болните.

Во моментов, се уште не е познат статусот на заразените во Филаделфија и Детроит, кои објавија дека имаат заразени во клубот, но не го прецизираат бројот.

Единствениот човек во НБА лигата за кој се знае дека сè уште е заразен е омразениот претседател на Њујорк Никс, Џејмс Долан.

Слични содржини