Дурант стана акционер на ПСЖ: Олимпискиот рекордер влезе во структурата на францускиот клуб

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Кевин Дурант игра кошарка и заработува многу од тоа, но во исто време ги вложува парите во инвестиции за кои верува дека ќе му донесат профит кога еден ден ќе престане да се занимава со спорт, па купил дел од акциите на ПСЖ.

НБА ѕвездата стана малцински сопственик на францускиот фудбалски шампион и еден од најбогатите клубови во Европа, поддржан од арапскиот нафтен капитал. Во засега непознат обем и за неоткриена сума на инвестиција.

Но, извесно е дека станува збор за милиони и милиони евра, за кои менаџерот од компанијата на Дурант верува дека ќе се „оплодат“, односно ќе бидат вратени и во одреден временски период ќе прераснат во уште повреден капитал.

Одлуката на единствениот американски олимпиец со четири златни медали со Олимписките игри, во екипни спортови, беше објавена по неодамна завршеното натпреварување во Париз, а претходеше гостување во клубот од „Паркот на принцовите“.

По тој повод, суперѕвездата на НБА-лигата на лице место бил информиран за сите потребни детали, а придружуван од бизнис партнерот Рич Клеман, чија специјалност се економијата и финансиите, па бил повикан да го советува асот на Феникс.

Инаку, ова е втор случај на спојување на Америка и Европа во овој контекст, бидејќи во англискиот фудбал влезен е уште еден познат американски кошаркар, исто така се уште активен – Леброн Џејмс, како малцински акционер на Ливерпул.

Слични содржини