Дури 505 активни случаи во Аеродром

од Vladimir Zorba

Во последните 24 часа се направени 2.617 тестирања, а регистрирани се 594 нови случаи на КОВИД-19 од кои најголем дел во Скопје, 303. Оздравени се 162 пациенти, а починати се три лица.

Во Скопје се забележани 2515 активни случаи, од кои дури 505 се во Аеродром. Следат Центар со 433 и Карпош со 417.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 109
• Гази Баба – 256
• Аеродром – 505
• Карпош – 417
• Центар – 433
• Кисела Вода – 296
• Ѓорче Петров – 198
• Бутел – 97
• Шуто Оризари – 14
• Студеничани – 3
• Сарај – 16
• Арачиново – 7
• Илинден – 35
• Сопиште – 17
• Чучер Сандево – 8
• Петровец –13
• Зелениково – 7
• Странец – 11
• Нераспределен- 73

Надлежните препорачуваат да се почитуваат мерките за заштита на населението од коронавирусот. мд/мч/

Слични содржини