Според податоците од Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), дури 80 проценти од мозочните удари може да се спречат. Новите упатства за превенција од мозочен удар, објавени во октомври 2024 година, можат да ни ги спасат животите или барем да обезбедат мобилност и независност.
„Најефикасен начин да се намали зачестеноста на мозочните удари и смртните случаи поврзани со нив е да се спречи првиот мозочен удар – таканаречената примарна превенција“, истакна неврологот д-р Шерил Д. Бушнел за „Parade“. Таа додаде дека некои луѓе имаат зголемен ризик поради генетиката и ограничениот пристап до здравствена заштита, што доведува до недостаток на превентивни прегледи.
Мозочниот удар се јавува кога снабдувањето со крв во мозокот е прекинато поради згрутчување на крвта или пукање на крвен сад. Американското здружение за срце и Американското здружение за мозочен удар го користат акронимот FAST за да ги идентификуваат симптомите на мозочен удар: „Асиметрија на лицето, слабост на рацете, нејасен говор, време за јавување на 194“.
Дополнителни знаци на мозочен удар може да вклучуваат слабост на лицето или вкочанетост (особено на едната страна), конфузија, тешкотии во зборувањето, проблеми со одење, промени во видот, вртоглавица, губење на координацијата и силна главоболка. Мозочниот удар може да предизвика трајно оштетување на мозокот, што го отежнува размислувањето, зборувањето, одење или дури и јадењето и пиењето независно.
Заедно со д-р Бушнел, кардиологот д-р Ченг-Хан Чен и нутриционистката Јулија Зумпано споделија седум совети за превенција од мозочен удар, а тие се како што следува:
* Јадете здрава исхрана
* Движете се наоколу
* Престанете да пушите
* Избегнувајте алкохол
* 7-9 часа
* Управувајте со стресот
* Контролирајте го крвниот притисок и холестеролот.