Жестока дебата за менито на бегалците во Германија беше предизвикана по одлуката на многу ресторани да ги исклучат од менито традиционалните германски колбаси, за сопствениците да не да провоцираат посетителите-муслимани. Според германскиот печат се повеќе објекти кои подговтуваат храна, го бришат свинското од менито, за да не ги навредат муслиманските посетители, чија религија им забранува консумирање на свинско.
Од Христијанската заедница (ХДЗ) на Ангела Меркел дури излегоа со соопштение во кое ја посочуваат потребата од зачувување на свинско месо во исхраната во училишта и градинки. Следната недела во Бундестагот ќе се одржи дискусија за темата за свинското во менито.
“Заштитата на малцинствата, вклучувајќи од религиозни причини, не треба да значи дека мнозинството ќе биде ограничено во слободата на избор”, изјавија пратениците.
“Ние сме за здрава и балансирана храна. Во нашата култура свинското месо присуствува на масата. Никого не принудуваме, но не сакаме ситуација во која поголем дел од луѓето ќе треба да се откажат од дел од храната”, рекоа од партијата на Меркел.
Ако Трамп успее, како “Нерон за Рим”…
Дебатата се префрли и на социјалните мрежи. Локалните медиуми потсетуваат дека “Зелените” пред последните избори се обидоа да воведат “вегетаријански ден” што не беше пречекано со ентузијазам во Германија, чии жители годишно јадат по 60 килограми месо, од кои 38, 2 кг се свинско.
