Дури сега стана јасно зошто Сандра Булок се повлече од Холивуд пред една година

од Nikola Popovski
504 прегледи

За да биде со својот животен сопатник до самиот крај, холивудската актерка Сандра Булок реши да земе пауза од снимања и се повлече на една година за да му се посвети на Брајан Рендал. Кога сфатила дека здравјето на нејзиниот животен сопатник Брајан Рандал се влошува, Сандра Булок не размислувала двапати кога донела одлука да ја остави настрана својата холивудска кариера.

Таа направи пауза за да се фокусира на своето семејство и болниот Рандал, кој почина овој викенд по тригодишна битка со болеста АЛС.

Но, многумина тоа го толкуваа поинаку, па дури и нејзиното појавување во март 2022 година на премиерата на филмот „Изгубен град“, кој го сними со Ченинг Тејтум, а на кој пристигна сама, беше сфатено како проблем во нивната врска. Само мал број луѓе знаеле што навистина се случува и дека 57-годишниот фотограф Брајан Рандал се бори со тешка и сурова прогресивна невродегенеративна болест.

Од таа премиера, кога самата откри дека паузира од се, Сандра Булок тешко можеше да се види во јавноста.

Сакам да бидам дома. Уморна сум од постојано трчање по нови работи. Само сакам да бидам присутна и одговорна за една работа. Не знам за кој период се работи, ниту кога ќе се вратам, изјавила тогаш таа за „CBS“.

Слични содржини