Дурмиши: Без раст на продуктивноста, не можеме да ја покачиме минималната плата

од Nikola Popovski
66 прегледи

Министерот за економија, Бесар Дурмиши вели дека како Влада не се против 500 евра минимална плата во земјава, но, според него, не може од „Илинденска бр.2“ не можат да држат една страна во разговорите меѓу работодавачите и синдикатите. Дурмиши истакна и дека платите се покачени во образованието, здравството и полицијата.

-Не можеме да ги водиме политиките на поранешната Влада. Треба да ја видиме продуктивноста на работата – не може да се воведе ад хок покачување на минимална плата, за од другата страна да имаме инфлација. Без раст на продуктивноста на платата, не можеме да ја покачиме минималната, рече меѓу другото министерот на прес-конференција.

Дурмиши исто така смета дека „многу млади луѓе заминале од државата, поради многу други проблеми“. Притоа, министерот прикажа и графикони, според кои, како што вели, ако се земат разликите во цените, животниот стандард и минималната плата во Европа, Македонија е пред Грција, Португалија, Црна Гора, Кипар…

Слични содржини