Дурмиши: Поевтинуваат оризот, стекот, саламата, лебот, овошје….

од Nikola Popovski
62 прегледи

Владата на денешната седница донесе одлука за ограничување на бруто профитна маржа на дел од основните прехранбени производи до 10% и во трговијата на големо и во трговијата на мало.

На листата на основни прехранбени производи во таканаречената есенска кошница се вклучени 73 производи кои се најзастапени во потрошувачката кошница на граѓаните.

-Ваквата одлука ја донесовме врз основа на податоците од Државниот завод за статистика, за индекс на трошоците за живот, кои покажуваат дека споредено август 2024 година, со декември 2023 година, евидентирано е зголемување на трошоците за храна за 4%, од кои најголемо зголемување има кај овошјето од 10,9%, кај млекото, сирењето и јајцата од 6,6%, кај зеленчукот од 3,9%, кај месото од 3,6%, и кај лебот и жита од 2%.

За истиот период, трошоците за безалкохолни пијалоци се зголемени за 9,4%, од кои кај минералната вода, безалкохолните пијалоци, соковите од овошје и зеленчук зголемувањето е од 11,1%, додека кај кафе, чај и какао зголемувањето е од 7,7%, информира министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

Проценките се дека со стапување на сила на оваа одлука трошоците за храна и безалкохолни пијалоци ќе се намалат во просек за околу 10%, со што ќе се намалат и трошоците за живот во потрошувачката кошница за групата храна и пијалоци.

Одлуката ќе се применува до 31 октомври 2024 година.

Во листата на производи спаѓаат:

-ориз бел во пакување од 900г до 1кг;
-брашно пченично, тип 400 во пакување од 1кг до 2кг;
-бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450г (цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во маркетите;
-печени пекарски производи (ѓеврек обичен, бурек со месо и сирење, баничка со месо и сирење, симит погача и лисната кифла, обична и со сирење);
-бисквити, “Petit Beure” и бисквити обични од 300гр до 500 гр;
-тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица без и со јајца од 500 гр (без додатоци).;
-масло за јадење од сончоглед, во пакување од 1 литар;
-месо, јунешко, без коски, од бут или некој друг дел;
-месо, свинско, без коски, од бут или некој друг дел;
-пиле (свежо и замрзнато) цело;
-пилешки стек (свеж и замрзнат);
-салама, шункова во пакување од 300гр до 800гр (без слајс пакување);
-чаен колбас, од свинско месо (без додатоци и без слајс пакување);
-чаен колбас, од говедско месо (без додатоци и без слајс пакување);
-пилешка посебна салама во пакување од 300гр до 800гр (без слајс пакување);
-паштета од џигер или пилешка (кокошја), (без додатоци) во пакување од 95гр и 100 гр.;
-замрзната риба ослиќ;
-трајно кравјо млеко (освен органско млеко и млеко со додатоци) со масленост 2,8%, 3,2% и 3,5% во пакување од 1 литар;
-јогурт од кравјо млеко обичен, без додатоци, со масленост од 2,8% до 3,2% во пакување од 1 литар;
-кисело кравјо млеко (обично без додатоци) со масленост од 2,8% и 3,2 % во пакување од 400гр до 500 гр;
-павлака од кравјо млеко, кисела со масленост од 12% до 20% во пакување од 180гр до 400 гр;
-урда;
-традиционално кравјо бело сирење (без додатоци);
-традиционално мешано бело сирење (без додатоци);
-традиционален кравји кашкавал (без додатоци);
-традиционален мешан кашкавал (без додатоци);
-свежи јајца од кокошка, пакување 1/10;
-масло ,(путер), индустриски произведен (пакување од 250 гр.);
-маргарин, (обичен), пакуван од 250 гр;
-јаболка;
-праски;
-грозје трпезно;
-лимони;
-портокали;
-банани;
-исчистени ореви;
-грав;
-кромид;
-компир;
-морков;
-спанаќ;
-зелка;
-краставици;
-корнишони;
-лук;
-тиквици;
-боранија;
-домат;
-пиперки;
-карфиол;
-тиква;
-модар патлиџан;
-леќа;
-магдонос;
-брокула;
-праз;
-зеленчук замрзнат (мешавина) во фолија од 450 гр;
-зеленчук замрзнат од пченка, во фолија од 450 гр;
-зеленчук замрзнат од грашок, во фолија од 450 гр;
-боранија замрзната, во фолија од 450 гр;
-маслинки, црни;
-грашок конзервиран во пакување од 400гр;
-ајвар од печени пиперки, тегла до 660 гр;
-краставички, конзервирани, тегла до 720 гр;
-печурки маринирани (сецкани), тегла до 720 гр;
-шеќер кристал бел;
-џем и мармалад;
-чоколадо млечно обично, во пакување од 100 гр;
-кечап;
-мајонез во тегла од 660 гр;
-зачин (вегета, зачинал и слично);
-кафе пржено мелено пакувано од 200гр;
-сок кашест (матен) овошен од разно овошје во тетрапак од 1 литар.

Слични содржини