Дуров: Помогнав во борбата против тероризмот во Франција

од Nikola Popovski
81 прегледи

Основачот на платформата Телеграм, Павел Дуров, денеска во првата изјава по апсењето во Париз рече дека помогнал во борбата против тероризмот во Франција, односно во создавањето „жешка линија“ меѓу апликацијата и Париз.

Дуров ги нарече „неверојатни“ прашањата поставени од француските власти за време на сослушувањето, пренесе РИА Новости.

„Доколку некоја земја не е задоволна од онлајн услугата, сегашната практика е да поднесе тужба против самата услуга. Користење на закони донесени во деновите пред постоењето на паметните телефони за кривично гонење на извршниот директор (на онлајн услуга) за злосторства извршени од трети лица на платформата што ја контролира е погрешен пристап“, вели Дуров во пораката објавена на неговиот канал на Телеграм.

Слични содржини