196
Филипинскиот претседател во заминување, Родриго Дутерте денеска остро го критикуваше својот руски колега Владимир Путин за убиствата на цивили во Украина.
„Убивам криминалци, не убивам деца и постари лица“, рече Дутерте откако призна дека многумина ги етикетираат и двајцата лидери како убијци, објави „Гардијан“.
Дутерте, кој отворено го нарекува Путин идол и пријател, денеска за прв пат го крена гласот против рускиот напад на Украина, а неговите зборови ги пренесе „АП“.